Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Сиљановска-Давкова во Струга: Охридското Езеро и регионот се наше заедничко богатство
    Политика

    Сиљановска-Давкова во Струга: Охридското Езеро и регионот се наше заедничко богатство

    13/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја посети Струга, на денот кога се одбележуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

    Таа оствари средба со градоначалникот на Струга, Менди Ќура, кој е независен кандидат поддржан од граѓани со различна партиска, етничка и верска припадност.

    Сиљановска-Давкова оцени дека Ќура има можност да води локална политика која ќе ги обединува граѓаните и ќе биде насочена кон решавање на нивните реални проблеми.

    „Симболично, денеска, на 25-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, ја посетив Струга и разговарав со градоначалникот Менди Ќура, независен кандидат, поддржан од стружани со различна партиска, етничка и верска припадност. Тој има шанса да води локална политика што обединува, водејќи сметка за сите граѓани“, напиша претседателката.

    На средбата таа била информирана за тековните активности во општината, но и за најголемите предизвици со кои се соочува Струга.

    Како особено важна ја издвојува потребата во следните пет години да се искористи довербата и шансата што, според неа, ја има регионот со статусот под заштита на УНЕСКО.

    Сиљановска-Давкова разговарала и со претседателот на Советот на Општина Струга, Мите Стефоски, при што оценила дека локалното раководство е подготвено да преземе конкретни мерки за заштита на природното и културното наследство.

    „Разговорот со градоначалникот Ќура и со претседателот на Советот на Општината, Мите Стефоски, ме уверува во нивната подготвеност за решавање на реалните проблеми на граѓаните, како и за преземање сериозни мерки за отстранување на заканите за природното и културно наследство под заштита на УНЕСКО“, порача претседателката.

    Таа нагласи дека Струга, Охрид, Охридското Езеро и целиот регион претставуваат заедничко богатство и заслужуваат посветеност и грижа и од локалните и од државните институции.

    Поврзани вести:

    Апасиев поднесе кривична пријава против членови на ДКСК и Комисијата како правно лице

    Апасиев поднесе кривична пријава против членови на ДКСК и Комисијата како правно лице

    СДСМ користи „низок и уличарски речник“ и покажува недостаток на политичка зрелост, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

    СДСМ користи „низок и уличарски речник“ и покажува недостаток на политичка зрелост, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

    Мицкоски во Велес на поставување камен-темелник за нова подземна гаража и плоштад

    Мицкоски во Велес на поставување камен-темелник за нова подземна гаража и плоштад

    СДСМ: Изјавите на Мицкоски за криминалот се обид за прикривање на состојбите во државата

    СДСМ: Изјавите на Мицкоски за криминалот се обид за прикривање на состојбите во државата

    Мицкоски сподели видео од Дејвид Гета: Концертот беше вечер во чест на Македонија

    Мицкоски сподели видео од Дејвид Гета: Концертот беше вечер во чест на Македонија

    Брвеница како тест за партиите пред евентуални предвремени парламентарни избори: Кандидатите на 4 најголеми партии на 18 октомври во трка за градоначалник

    Брвеница како тест за партиите пред евентуални предвремени парламентарни избори: Кандидатите на 4 најголеми партии на 18 октомври во трка за градоначалник

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Апасиев поднесе кривична пријава против членови на ДКСК и Комисијата како правно лице

    13/09/2026

    СДСМ користи „низок и уличарски речник“ и покажува недостаток на политичка зрелост, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

    13/09/2026

    Мицкоски во Велес на поставување камен-темелник за нова подземна гаража и плоштад

    13/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.