Минималната плата максимално ги растрча најповиканите. Премиерот Христијан Мицкоски попладнево ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ. Средбата доаѓа откако Мицкоски даде понуда за раст на платите за која УПОЗ рече дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара ворамките на синдикалните организации. Останува да се види дали овој обид на Владата за решавање на проблемот ќе вроди со плод.
Во меѓувреме по протестот на ССМ од минатата недела, тие вчера поднесоа иницијатива до Собранието за намалување на платите на функционерите, а најавија и организирање на блокада на Парламентот.
Мицкоски за потезите и барањата на Сојузот на Синдикати рече дека е најдобро тие неколкумина од раководството на ССМ да излезат од партиска прегратка и да се договорат со Владата во интерес на административните службеници.
Инаку, вчера СДСМ поднесе до собранието предлог закон за минимална плата.







