Сообраќајна блокада во Германија. Имено, автобусите, трамваите и возовите низ целата држава престанаа да сообраќаат утрово откако локалните транспортни работници одговорија на повикот на синдикатот за јавниот сектор Верди за организирање дводневен штрајк.
Синдикатот бара да се расправа за работното време и работата во смени, бонусите за ноќна и викенд работа и платите.
Разговорите за колективниот договор за платите влијаат на околу 150 автобуски, трамвајски и локални железнички компании со околу 100.000 вработени во државите низ цела Германија.
За време на претходниот штрајк на 2 февруари, локалниот јавен превоз во големи делови од Германија речиси беше запрен.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
