Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Шаховските надежи на ШК Алкалоид со нова жетва на медали на младинското првенство
    Спорт

    Шаховските надежи на ШК Алкалоид со нова жетва на медали на младинското првенство

    23/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Државното првенство за млади во класичен шах кое се одржа во Струмица, при што, во согласност со пропозициите на Светската шаховска федерација ФИДЕ, се организираа натпревари во шест старосни категории. Како и секоја година, талентите кои ја имаат поддршката од клубот и кои работат со најдобрите и најуспешни македонски шахисти и тренери, очекувано, повторно се враќаат со медали и признанија за своите настапи.

    Меѓу девојките со златни медали се вратија Моника Жежовска (У18) и Илијана Велева (У12), додека, пак, Исидора Лукановска (У14) освои сребрен медал.

    Во машка конкуренција беше понеизвесно, па така Давид Атанасовски беше едно од најпријатните изненадувања бидејќи по само една година тренирање успеа да стигне до златниот медал во категоријата до 10 години, но подеднакво блескави беа и постигнувањата на Марко Стојановиќ (У12) и Никола Радоњанин (У16), кои ги освоија трофеите во својата конкуренција. Новиот член на клубот, Никола Павлески, дебитираше за ШК Алкалоид со освојување на второто место во конкуренцијата до 18 години. Сребро освои и Лука Симоновски (У12), додека, пак, Васил Иванов (У10) и Андреј Божиновски (У14) се закитија со бронзени медали.

    – Ние како тренери сме задоволни од она што го прикажаа нашите младинци. Не би одел во детали, туку би рекол само „Браво шампиони“! Сите се трудеа да го дадат својот максимум и во фајтерски стил се носеа со конкуренцијата, онака како што доликува кога се бранат боите на ШК Алкалоид. Радува фактот што имаме титули и кај момчињата и кај девојчињата затоа што тоа е показател дека се стремиме кон успеси во двете конкуренции. Некои се потврдија како фаворити, а некои кои не беа меѓу првите тројца носители пријатно изненадија. Ние како тренери сме презадоволни од она што го видовме и ќе продолжиме да ги трасираме патиштата на идните македонски шаховски шампиони преку континуирана работа во клубот – изјави ИМ Дејан Стојановски.

    Според календарот на Европската шаховска унија, младинските европски првенства за 2025 година во стандарден шах ќе се играат во октомври во Будва, Црна Гора, додека, пак, континенталниот собир на млади играчи во забрзан и во брзопотезен шах е закажан за 4 август во Солун, Грција.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Добро е што во Скопје се организираат светски спортски настани, но лошо е ако се посрамотиме како при ланските Младински олимписки игри

    17/04/2026

    Македонската футсал репрезентација во главната фаза на квалификациите за СП

    12/04/2026

    И покрај четирите убедливи порази од Германија и Словенија, ракометарките се пласираа на ЕП

    12/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.