
Во декември, Џејмс – познат и по улогите во „Varsity Blues“, „One Tree Hill“ и „CSI: Cyber“ – беше принуден да продава сувенири од сетот на „Dawson’s Creek“, со што заработи 47.000 долари.
Ѓерданот што неговиот лик Досон Лири ѝ го подари на Џои (ја играше Кејти Холмс) беше продаден за 26.628 долари.
Колекција декорации од спалната соба на Досон, вклучувајќи модел од „Indiana Jones“ и кукла од „E.T.“, беа продадени за 5.991 долари, додека наслонот од стол донесе 2.663 долари.
„Ги чувам овие богатства со години, чекајќи го вистинскиот момент да направам нешто со нив“, изјави Џејмс за списанието People во времето на аукцијата.
„Со сите неочекувани пресврти што животот ги донесе неодамна, јасно е дека времето е сега.“
Тој призна дека чувствувал носталгија додека се разделувал со спомените, но додаде дека му било убаво што ги споделил со луѓето кои ја поддржувале неговата работа низ годините.
Еден месец по јавното објавување на дијагнозата во 2024 година, Џејмс пушти во продажба хуманитарни производи поврзани со 25-годишнината од филмот „Varsity Blues“ од 1999 година.
„100% од мојата нето заработка ќе оди за семејства кои се опоравуваат од финансискиот товар на ракот (вклучително и моето)“, потврди актерот.
Во септември 2025 година, неговите колеги организираа хуманитарен настан на Бродвеј во театарот „Richard Rodgers“ за да соберат средства за него. Настанот го организираше неговата партнерка од „Dawson’s Creek“, Мишел Вилијамс, заедно со Кејти Холмс и Џошуа Џексон. Актерската екипа повторно го прочита пилот-епизодата на серијата за да собере средства за лекувањето на Џејмс и непрофитната организација F Cancer.
Џејмс требаше да присуствува, но поради влошената здравствена состојба мораше да се повлече во последен момент. Сепак, се појави преку видео-порака, што ги загрижи фановите поради неговиот изнемоштен изглед.
„Ова беше вечерта на која најмногу се радував откако Мишел ми кажа во јануари дека ја организира,“ изјави тој.
„Можете да замислите колку бев скршен кога два стомачни вируси ме спречија да дојдам во најлош можен момент.“

Џејмс се прослави во 90-тите како тинејџерската ѕвезда – Досон Лири во „Dawson’s Creek“ кога имаше 20 години. Серијата се емитуваше шест сезони од 1998 до 2003 година и ги лансираше кариерите на Кејти Холмс, Мишел Вилијамс и Џошуа Џексон.
Иако серијата беше огромен успех, Џејмс во 2012 година откри дека актерите не добивале приходи од репризи или стриминг договори поради првичните договори.
„Немаше никакви резидуални пари,“ изјави тој за Today. „Имав 20 години. Тоа беше лош договор. Речиси ништо не видов од тоа.“
Тој додаде дека раниот успех му удрил во глава и дека станал пребирлив околу улогите, но кога сфатил дека мора да го издржува семејството, почнал да прифаќа повеќе ангажмани.



