Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    E-Market
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Секој киловат е важен: На Македонија ѝ се потребни сите инвестиции во производството на струја
    Економија

    Секој киловат е важен: На Македонија ѝ се потребни сите инвестиции во производството на струја

    31/07/20254 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонија денес произведува околу 5 685 GWh електрична енергија годишно, но дома троши околу6 072 GWh. Разликата се уште се покрива со увоз, кој во 2004 година е во нето износ од 711 GWh, или 11,7 % одвкупното снабдување. Како енергетскиот систем да постигне независност од увозот?

    Околу 1 356 GWh од домашната струја, според официјално достапните статистички податоци од 2024 година, заврши во извоз, што покажува дека балансот натрговијата е чувствителен и зависи од хидролошкитеуслови и цените на берзата. Впрочем, Македонија за првпат се појави како извозник во 2023 година, кога поради обилен хидролошки период и новите соларни и ветерни капацитети имаше вишок од околу 840 GWh, штопрвпат ја претвори државата во нето‑извозник.

    Сепак, државата се уште најголем дел од домашното производтсво го добива од термоцентралите на јаглен игас, и тоа 2 534 GWh во 2024 година и 1 366 GWh одголемите хидроелектрани. Во овој мозаик забележливо е дека секторот за обновливи извори бележи брз раст на производството, при што сончевите паркови испорачаа 270 GWh, ветерниците – 166 GWh, а биогасните постројки- 60 GWh. Малите хидроелектрани (МХЕ) додадоа околу180 GWh, со што вкупното производство од обновливиизвори сочинува 27% од целата електрична енергија водржавата, а нивниот удел во инсталираната моќност веќее 56%.
    Срамежлива енергетската транзиција

    Иако побавно, Македонија стабилно влегува во деценијата на забрзана енергетска транзиција во која сите облици на домашно производство – од големите хидро и термо постројки, до ветерните, соларните, биогасните и малите хидроелектроцентрали (МХЕ) – имаат своја улога.

    Според податоците од МЕПСО во јуни годинава над 94% од електричната енергија потрошена во земјата беше обезбедена од домашни извори, сигнал дека инвестициите на терен даваат резултат во желбата да се намали зависноста од увоз преку диверзифициран домашенпроизводен микс.

    Термoелектраните на јаглен и гас денес ја носат базната моќност во системот и работат 24 часа, но резултираат со високи емисии на CO₂, SO₂ и други честички. Скапи се одржување бидејќи постројките се стари и дополнително, зависиме од увозно гориво и неговата ценовнаволатилност.

    Големите хидроелектрани се столб на нискојаглеродната базна енергија и имаат значајна улога затоа што можат за миг да го зголемат или намалат производсѕтвото на струја според потребите на конзумот. Сепак, тие се силно зависна од врнежите, а изградбата на масивни брани бара високи иницијални инвестиции.

    Малите хидроелектрани – објекти под 10 MW што обичноработат без акумулации – нудат стабилен, флексибиленприлив преку цела година. Но, дали ги користиме.

    Колку вода има – колку струја дава

    Вкупниот хидропотенцијал останува најголемиот неискористен домашен ресурс. Техничкиот потенцијал на Македонија е проценет на 5 500 GWh годишно, а од негоденес се користи едвај една третина.

    Големите хидроелектрани во 2024 година заеднообезбедиле околу 1 366 GWh, што е речиси една четвртинаод вкупната домашна електрична енергија и најголемиотединечен извор на нискојаглеродна базна моќност воземјата.

    Државните студии проценуваат дека реките Вaрдар и Црн Дрим носат теоретска хидроенергетска можност од околу 8 900 GWh годишно. Од нив, технички искористливи сесамо 5 500 GWh, но денес се експлоатираат само1 500 GWh, или една четвртина од расположливотоколичество. Вкупната инсталирана моќност на постојнитехидроцентрали како „Тиквеш“, „Вруток“, „Козјак“, „Шпилје“, „Глобочица“, „Света Петка“ е 580 MW, штозначи дека во просек се користат 27 % од потенцијалот.

    Од вкупните 1 636 MW технички можни, само 255 MW сево мали хидролектрани. Тоа значи дека малатахидрорасположливост – која може да се гради безмасивни брани – и натаму е простор за раст.

    Последната деценија донесе 23% пораст на домашнотопроизводство, во услови кога и производството од ветар и сонце, кои се силно зависни од временксите услови, растат со троцифрени стапки.

    Малите ХЕЦ може да произведуваат околу 1000 GWhгодишно

    Денес во мрежата работат околу стотина МХЕ, а војуни 2025 година 92 вакви централи произведоа13 530 MWh – 43 % од струјата на сите 178 повластенипроизводители.

    Но според проценка изработена од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), технички изводливиот потенцијал на малите хидроелектрани опфаќа 200 локации со вкупна инсталирана моќност од 230 MW, годишно производство од околу 990 GWh и потребнаинвестиција од приближно 460 милиони евра.

    За разлика од сонцето и ветерот, турбините во хидроелектраните можат моментно да го зголемат или намалат протокот за да одговорат на скоковите во побарувачката, што ја намалува потребата од скапи резервни термо‑капацитети.

    Во услови кога Македонија уште увезува струја и не е искористен просторот за раст на вкупниот домашен капацитет, се доаѓа до заклучокот дека тоа не е можно без комбинација од сите технологии: модернизирани термо‑резерви, експлозивно растечки солар и ветер, ревитализирани големи хидроцентрали – и, секако, малихидроелектрани. МХЕ носат чист киловат‑час, локалниработни места и стабилност на мрежата. Во мапата наидните инвестиции тие не се алтернативна, туку нужнакоцка во мозаикот на енергетската независност.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Македонија го продолжува дијалогот со ЕУ околу проблемот со камионџиите што го наметна Брисел

    Македонија го продолжува дијалогот со ЕУ околу проблемот со камионџиите што го наметна Брисел

    ЕУ и на камионџиите им даде „датум“ на кој некогаш ќе добијат датум за остварување на права – исто како на Македонија низ годините

    ЕУ и на камионџиите им даде „датум“ на кој некогаш ќе добијат датум за остварување на права – исто како на Македонија низ годините

    Брисел удира по евтините пратки од Кина: Од 1 јули царина од по 3 евра по нарачано парче

    Брисел удира по евтините пратки од Кина: Од 1 јули царина од по 3 евра по нарачано парче

    Се празнува Св. Трифун, празник на лозарите и винарите

    Се празнува Св. Трифун, празник на лозарите и винарите

    Добро е што туризмот доби министерство, но не е добро ако тоа се задоволи со 10 отсто зголемен број странски туристи?

    Добро е што туризмот доби министерство, но не е добро ако тоа се задоволи со 10 отсто зголемен број странски туристи?

    Кривична пријава за насилство и лажно пријавување во Тетово

    Кривична пријава за насилство и лажно пријавување во Тетово

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Македонија го продолжува дијалогот со ЕУ околу проблемот со камионџиите што го наметна Брисел

    16/02/2026

    ЕУ и на камионџиите им даде „датум“ на кој некогаш ќе добијат датум за остварување на права – исто како на Македонија низ годините

    16/02/2026

    Брисел удира по евтините пратки од Кина: Од 1 јули царина од по 3 евра по нарачано парче

    15/02/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Jumbo Маркети

      Jumbo Маркети
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.