Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Се уште се истражува како дошло до несреќата во која еден работник загина, а тројца се повредени на зграда чиј инвеститор е поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски
    Хроника

    Се уште се истражува како дошло до несреќата во која еден работник загина, а тројца се повредени на зграда чиј инвеститор е поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски

    24/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на локација во Кисела Вода, каде утрово при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени. Обвинителот издал наредба за обдукција на починатиот.

    – Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински градежен инспектор – информираат од Обвинителство.

    Претходно, доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје, за МИА информираше дека според првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, но, увидот ќе покаже за што точно станува збор и под какви околности се случила несреќата.

    Загинатиот е на 34-годишна возраст.

    Инаку, инвеститор на зградата во Кисела Вода каде се случи несреќата е поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски. Тој изјави дека земjиштето на кое се гради зградата е на неговото семејство, а зградата ја гради фирмата „Јакимовски“. Според него сите процедури биле запазени, а до несреќата доќло најверојатно поради лизгање на земјиштето

    Актиелната градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска изрази длабоко жалење за трагичниот настан и додаде дека безбедноста на граѓаните и работниците е апсолутен приоритет и не смее да биде предмет на политички поени.
    – Ја разбираме загриженоста на јавноста, но апелираме на одговорност и воздржаност од изнесување непроверени информации и политизација на случајот. Ваквите ситуации бараат сериозен и институционален пристап, а не дневнополитички реакции. Општината е отворена за дискусија во рамки на институциите, но одлуките мора да се темелат на факти и стручни анализи, а не на претпоставки – истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

    Да потсетиме утрово МВР соопшти дека тројца работници биле затрупани, во несреќата која се случила по 8 часот, а повикот за помош е испратен во 8.17 минути, кога екипа на итната помош е испратена на местото, кои пак, според Центарот за управување со кризи информираше дека првиот повик за несреќата побарале дополнителна асистенција од Бригадата за противпожарна заштита за извлекување на затрупаните работници.

    Во акцијата беа вклучени екипи на полицијата, Итната медицинска помош, пожарникарите и Центарот за управување со кризи.

    кисела вода коневски срушена зграда
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Десетина улици во Кисела Вода денеска без струја

    26/04/2026

    Група во Чаир се обидела да спречи апсење, полицијата предупредувачки пукала во воздух

    25/04/2026

    На шестмина шверцуваниот ботокс им донесе затворски притвор, на четворица куќен

    25/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.