Денеска Регулаторна комисија за енергетика ќе ја објави одлуката за малопродажните цени на горивата во земјава. Светските пазари се под силно влијание на геополитичките случувања, при што референтната цена на суровата нафта брент достигна околу 104 долари за барел.
Викендов некои бензински пумпи во Македонија или не работеа со објаснување дека се чистат резервоарите или пак дека снемале струја, а додека некои воведоа ограничување колку гориво може да се наточи одеднаш. Граѓаните, тоа, особено оние кои затвораа или прегласуваа недостиг на гориво, го осудија како злоупотреба во време на криза.
Премиерот Мицкоски е дециден дека нема простор за паника, оти државата има доволно резерви на нафта, а доколку е потребно владата ќе интервенира за да нема големо покачување на малопродажните цени.
Денеска ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение објави дека владата неуморно работи да обезбеди енергетска стабилност и оти целта е Македонија да има енергенси по најевтини цени во регионот.
