Без да ги каже имињата, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска изјави дека во тек е пополнување на местата за шефови на дипломатско-конзуларните претставништва и дека поголем група кандидати за амбасадори и генерални конзули поминала на седница на Влада од пред неколку недели.
Муцунски посочи дека во скоро време ќе има целосна пополнетост на позициите шефови на дипломатско-конзуларните претставништва од гледна точка на амбасадори и генерални конзули, како и во тие главни градови каде што нема амбасадори, има вршители на должност амбасадори, кои се искусни дипломати од редот на вработените во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

