Се бара определување мерка притвор за американски државјанин со потекло од Нигерија кој со пиштол нападна полицаец во градскиот парк. Обвинителството го сомничи за кривично дело – неовластено држење, посредување и тргување со оружје и екплозивни материи, како и за напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.
Имено, кога пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, полицаец се обидел да го легитимира, осомничениот го нападнал со тупаници и му нанел телесна повреда на службеното лице. Откако бил совладан, кај него бил пронајден полуавтоматски пиштол „глок”, како и две рамки со 3О куршуми.
Направен е и претрес на неговата хотелска соба,
каде е пронајдено поголемо количество оружје и муниција.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
