Владата на Христијан Мицкоски пред неколку дена, преку измена на Законот за странци дозволи влез на 10.000 странски економски работници, иако во државата има околу 100.000 невработени. Ова го соопшти СДСМ денеска.
Од партијата наведуваат дека одлуката за сето тоа е донесена без јавна дебата и додаваат дека потегот се совпаѓа со пишувањето на британските медиуми за “стратешки договор” во согласност со кој мигрантите би добиле работни визи.
Опозиционерите оценува дека се работи за договор „мигранти за пари”.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
