Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»СДСМ прашува кој дозволил нелегално да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони?
    Политика

    СДСМ прашува кој дозволил нелегално да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони?

    15/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Кој во власта дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони, нелегално? Поминаа 15 дена и сè уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регионот – како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара, се вели во соопштението од СДСМ.

    Понатаму од опозициската партија нагласија: „Сите молчат. Мицкоски. Тошковски. Николовски. Тарчуловски. Томовски… Соочени со фактот за сопствената одговорност се впуштија во медиумска кампања и лицитираат со запленети 100 тони марихуана која според нив била нелегално произведена. Но, така заглавија уште подлабоко.
    Ако некој успеал нелегално да произведе 100 тони марихуана, тоа е уште една потврда дека вината е целосно кај Владата и институциите кои тоа го дозволиле, не го контролирале и не го спречиле.
    За производство на 100 тони марихуана е потребна површина од над 30 хектари – што е еднакво на над 40 фудбалски стадиони.
    Кој дозволил толкава површина да се одгледува во Македонија?
    Зошто не била направена ниту една теренска контрола?
    Значи две години МВР, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство, инспекторатите не презеле ништо.
    Како безбедносните служби не забележале толкава количина дрога како се транспортира, складира, пакува?
    Што правеле АНБ и АР?
    Поминале 5 тони дрога преку граница, шлепери и шлепери, покрај 65 илјади камери од „Сејф сити“, покрај скенери, контроли, полиција и царина и никој ништо не знае?
    Нема одговор на овие прашања за тоа што одговорноста за нарко скандалот е во врвот на власта.
    СДСМ нема да дозволи овој нарко скандал да се заташка. Нема бегање од одговорноста. Сите ќе одговарате,“ соопштија од СДСМ.

    Поврзани вести:

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    Мицкоски: Економијата расте, резултатите треба да ги почувствуваат граѓаните

    Мицкоски: Економијата расте, резултатите треба да ги почувствуваат граѓаните

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не успеа да го направи СДС опозиција

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не успеа да го направи СДС опозиција

    СДСМ со критики до Мицкоски: Ја понижи државата со изјавата дека Македонија треба да стане сериозна

    СДСМ со критики до Мицкоски: Ја понижи државата со изјавата дека Македонија треба да стане сериозна

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    марихуана сдсм соопштение
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    02/10/2026

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    30/09/2026

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    29/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.