Повеќе од четири недели Гостивар се соочува со проблем со водоснабдувањето, а над 4.700 граѓани завршиле во болница, обвинија
денеска од СДСМ. Од партијата тврдат дека и покрај епидемијата на жолтица, досега нема ниту еден официјален стручен документ или
експертска проценка за состојбата со водата за пиење.
Според СДСМ, наместо стручни лица од надлежните институции, за состојбата во јавноста зборуваат владини претставници кои, како што велат, не се експерти од областа. Тие обвинија дека кога треба да се
преземе одговорност нема ниту институција, ниту експерт што ќе стави потпис на официјален наод.
Од СДСМ оценуваат дека повеќе од еден месец граѓаните се изложени на ризик, а државата сè уште нема издадено официјална стручна проценка за квалитетот на водата. Партијата порача дека граѓаните на Гостивар не
бараат политички препукувања, туку безбедна вода за пиење и утврдување на одговорноста. Според нив, досега не е обезбедено ниту едното, ниту другото.
