Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»СДСМ обвини дека власта ја зголемува напнатоста со историски теми
    Политика

    СДСМ обвини дека власта ја зголемува напнатоста со историски теми

    06/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    СДСМ ја обвини Владата дека со политичката реторика повторно создава тензии во пресрет на најавените разговори со Бугарија, оценувајќи дека изјавите од власта не придонесуваат за напредок во европскиот процес.

    Од опозициската партија се повикаа на ставовите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која порача дека македонскиот идентитет и јазик се заштитени во рамки на европскиот процес.

    Според СДСМ, пораката од Брисел е јасна – на маса се реформите, европското обвинителство и уставните измени, но нема нова преговарачка рамка, нови услови или дополнителни гаранции.

    „Македонскиот идентитет е заштитен. Јазикот е заштитен. На маса се реформите, европското обвинителство и промена на Уставот. Нема нови услови. Нема нова преговарачка рамка, нема гаранции“, наведуваат од СДСМ.

    Партијата оцени дека нема основа за најавите поврзани со поништување на Преспанскиот договор или враќање на старото име на државата, посочувајќи дека таквите пораки биле дел од политичките настапи на премиерот Христијан Мицкоски пред и по доаѓањето на власт.

    СДСМ ја критикуваше и реториката на премиерот пред најавената средба со Бугарија, на која, според партијата, треба да учествува министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

    „Пред заминувањето на Тимчо Муцунски на средба следната недела, Мицкоски зборува за капитулација на фашистичка Бугарија и за окупација на територијата на денешна Македонија во Втората светска војна“, наведуваат од опозициската партија.

    Од СДСМ сметаат дека ваквиот пристап ја зголемува политичката напнатост и не создава услови за изнаоѓање решение со Софија.

    Партијата се осврна и на изјавата на Мицкоски дека со Бугарија „се разговара, а не се преговара“, оценувајќи дека таквата позиција не води кон конкретен резултат.

    „Не зборува за решение. Зборува за да не може ниту да се седне на масата“, стои во соопштението.

    Од СДСМ додаваат дека не ги оспоруваат историските прашања, но сметаат дека нивното разгледување треба да биде работа на историчарите, додека институциите треба да се насочат кон реформите и напредокот кон Европската Унија.

    Поврзани вести:

    Мицкоски ја опиша најавената средба Муцунски – Петрова како „дијалог на коњопој“

    Мицкоски ја опиша најавената средба Муцунски – Петрова како „дијалог на коњопој“

    Мицкоски ќе го претстави новиот извештај на Светска банка за економскиот развој

    Мицкоски ќе го претстави новиот извештај на Светска банка за економскиот развој

    СДСМ со критики до Владата: Граѓаните плаќаат за погрешните економски политики

    СДСМ со критики до Владата: Граѓаните плаќаат за погрешните економски политики

    Петрушевски: Филипче води селективна борба против корупцијата во СДС

    Петрушевски: Филипче води селективна борба против корупцијата во СДС

    Африм Гаши ќе ги пречека поранешните претседатели на Собранието

    Африм Гаши ќе ги пречека поранешните претседатели на Собранието

    ВМРО-ДПМНЕ бара од Филипче одговори за наводите за набавката на хеликоптери

    ВМРО-ДПМНЕ бара од Филипче одговори за наводите за набавката на хеликоптери

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мицкоски ја опиша најавената средба Муцунски – Петрова како „дијалог на коњопој“

    06/10/2026

    Мицкоски ќе го претстави новиот извештај на Светска банка за економскиот развој

    06/10/2026

    СДСМ со критики до Владата: Граѓаните плаќаат за погрешните економски политики

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.