Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»СДСМ: Изјавите на Мицкоски за криминалот се обид за прикривање на состојбите во државата
    Политика

    СДСМ: Изјавите на Мицкоски за криминалот се обид за прикривање на состојбите во државата

    13/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неговите тврдења за состојбата со криминалот и корупцијата во државата не ја одразуваат реалноста.

    Од партијата посочуваат дека изјавата на Мицкоски, во која тврди дека повеќе нема банди, криминал, рекет и корупција, според нив претставува обид за прикривање на, како што велат, сериозни проблеми во институциите.

    Според СДСМ, наместо справување со криминалот, актуелната власт воспоставила систем во кој државните институции се ставени во функција на партиски интереси.

    Во реакцијата се наведува дека постојат сомнежи за злоупотреби во повеќе области, меѓу кои јавните набавки, енергетиката, безбедносните служби и Државната лотарија, при што партијата повторно го споменува случајот со, како што тврди, потрошени 5,5 милиони евра.

    СДСМ оценува дека криминалот не може да исчезне со политички изјави, туку исклучиво преку независни институции и темелни истраги кои ќе важат за сите, без разлика на функцијата или политичката припадност.

    Од партијата најавуваат дека ќе продолжат јавно да ги отвораат, како што велат, сите сомнежи за злоупотреби и ќе бараат целосна одговорност за секој случај што ја засега работата на институциите.

    Во соопштението СДСМ наведува дека нема да прифати, како што посочува, создавање слика дека во државата нема криминал и корупција, сè додека не бидат расчистени сите случаи за кои во јавноста се отвораат сомнежи.

    Поврзани вести:

    „12:05“ со тешки обвинувања: Што било договорено на средбата Муцунски – Чамова?

    „12:05“ со тешки обвинувања: Што било договорено на средбата Муцунски – Чамова?

    СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

    СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

    ЛДП: Над 134.000 нерешени предмети се резултат на запоставувањето на правосудството

    ЛДП: Над 134.000 нерешени предмети се резултат на запоставувањето на правосудството

    Мицкоски: Нашите предци ја отворија вратата на слободата, наша должност е да ја чуваме

    Мицкоски: Нашите предци ја отворија вратата на слободата, наша должност е да ја чуваме

    Филипче: Антифашизмот е темел на македонската државност, денес се бориме за правда и европска иднина

    Филипче: Антифашизмот е темел на македонската државност, денес се бориме за правда и европска иднина

    Мицкоски: Дијалогот е единствениот пат за надминување на спорот со Бугарија

    Мицкоски: Дијалогот е единствениот пат за надминување на спорот со Бугарија

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    „12:05“ со тешки обвинувања: Што било договорено на средбата Муцунски – Чамова?

    13/10/2026

    СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

    13/10/2026

    ЛДП: Над 134.000 нерешени предмети се резултат на запоставувањето на правосудството

    11/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.