Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»СДСМ: Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија економски е понижена
    Политика

    СДСМ: Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија економски е понижена

    23/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    По една година од новата влада, состојбата со македонската економија е алармантна. Македонија економски е понижена.

    Живеачката на луѓето e сè потешка од ден во ден, стандардот е уништен, граѓаните се оставени сами на ударот од енормните поскапувања, додека постојано го чувствуваат падот на куповната моќ гледаат како власта аздисува и се луксузира.

    Растот на платите е целосно закочен, цените на основните производи расте. Народот едвај врзува крај со крај. Додека народот живее на раб на егзистенција, функционерите на власта се расфрлаат со луксуз – летаат со приватни авиони, трошат на скапа храна, папаја, манго, уживаат во хотели од соништата.

    Тоа е тажната реалност денеска после една година Влада. ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ја втурнаа државата во длабока економска нестабилност.

    Иако власта упорно сака да уверува дека економијата расте, фактите говорат поинаку. Инфлацијата изнесува речиси 4.5%, а економскиот раст едвај достигнува 2.6%. Земјата за првпат има негативен економски резултат полош и од воената 2001 година.

    Владата живее во паралелна реалност, убедувајќи дека сме „економски тигар“ и дека куповната моќ е поголема од европската, додека реалноста покажува сосема спротивно Македонија е на дното во Европа и по висина на плати и по животен стандард, како економски глушец.

    Ова не се политички конструкции, туку податоци од најреномираните европски институции, кои потврдуваат дека Македонија се движи во погрешна насока.

    Наместо горди работници со европски плати со владата на ВМРО-ДПМНЕ имаме понижени работници со најниски плати во Европа.

    СДСМ, Центар за комуникации со јавноста

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема план како до повисоки плати и економски развој

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема план како до повисоки плати и економски развој

    СДСМ бара референдум за рударските проекти во засегнатите општини

    СДСМ бара референдум за рударските проекти во засегнатите општини

    Мицкоски од Њујорк: ЕУ не смее да го условува македонскиот идентитет

    Мицкоски од Њујорк: ЕУ не смее да го условува македонскиот идентитет

    СДСМ со нови обвинувања: Договор од 13,2 милиони евра поврзан со

    СДСМ со нови обвинувања: Договор од 13,2 милиони евра поврзан со

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: Не може да бара повисоки плати, а да е против инвестиции

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: Не може да бара повисоки плати, а да е против инвестиции

    Стефанија Кузмановска избрана за нова претседателка на СДММ

    Стефанија Кузмановска избрана за нова претседателка на СДММ

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема план како до повисоки плати и економски развој

    22/09/2026

    СДСМ бара референдум за рударските проекти во засегнатите општини

    22/09/2026

    Мицкоски од Њујорк: ЕУ не смее да го условува македонскиот идентитет

    22/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.