Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»СДСМ: Буџетскиот дефицит ќе надмине 900 милиони евра, Владата ја води економијата во погрешна насока
    Политика

    СДСМ: Буџетскиот дефицит ќе надмине 900 милиони евра, Владата ја води економијата во погрешна насока

    24/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    СДСМ обвини дека економската политика на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски не ги дава очекуваните резултати и оцени дека годинава буџетскиот дефицит ќе надмине 900 милиони евра, односно околу пет проценти од бруто-домашниот производ.

    Од партијата, повикувајќи се на податоци од Министерството за финансии, тврдат дека речиси целосно е исцрпен планираниот буџетски дефицит, додека приходите заостануваат зад проекциите, што, според нив, отвора простор за нови задолжувања.

    Во соопштението се наведува и дека состојбата во Пензискиот и инвалидскиот фонд (ПИОМ) дополнително ја оптоварува јавната финансиска состојба, при што СДСМ тврди дека недостигот достигнува околу една милијарда евра.

    Партијата посочува и дека во вториот квартал од 2026 година биле реализирани само 18 милиони евра странски инвестиции, додека, според нивните пресметки, државниот долг е зголемен за околу четири милијарди евра.

    СДСМ ја критикува и најавата за нов ребаланс на Буџетот, само неколку месеци по претходниот, оценувајќи дека тоа ќе значи дополнително задолжување на државата.

    Од партијата велат дека граѓаните веќе се соочуваат со повисоки трошоци за живот и намалена куповна моќ, а Владата, според нив, не презема доволно мерки за подобрување на економската состојба.

    Во реакцијата се коментираат и владините најави за проекти поврзани со природните ресурси, рударството и енергетиката. Од СДСМ тврдат дека наместо развојни политики, Владата се насочува кон, како што наведуваат, „распродажба на националните богатства“.

    „Тоа не е економска стратегија, туку распродажба на Македонија“, се наведува во партиското соопштение.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ: Јавната набавка за хотелски услуги не е поврзана со посетата на Њујорк

    ВМРО-ДПМНЕ: Јавната набавка за хотелски услуги не е поврзана со посетата на Њујорк

    Левица најави измени на Изборниот законик ако не продолжи дијалогот до понеделник

    Левица најави измени на Изборниот законик ако не продолжи дијалогот до понеделник

    Собранието денеска ќе одржи седница посветена на пратенички прашања

    Собранието денеска ќе одржи седница посветена на пратенички прашања

    Јаневска денеска ќе учествува на меѓународна конференција за безбедност во Охрид

    Јаневска денеска ќе учествува на меѓународна конференција за безбедност во Охрид

    Мицкоски на средба со Каја Калас и лидерите од Западен Балкан во Њујорк

    Мицкоски на средба со Каја Калас и лидерите од Западен Балкан во Њујорк

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема план како до повисоки плати и економски развој

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема план како до повисоки плати и економски развој

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Јавната набавка за хотелски услуги не е поврзана со посетата на Њујорк

    24/09/2026

    Левица најави измени на Изборниот законик ако не продолжи дијалогот до понеделник

    24/09/2026

    Собранието денеска ќе одржи седница посветена на пратенички прашања

    24/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.