Сакура фестивал ќе се одржи во сабота во паркот „Авионче“ во Скопје, каде просторот ќе се претвори во јапонска културна оаза со едукативни, музички и спортски содржини. Настанот ќе трае од 12 до 15 часот и е наменет за широка публика, вклучувајќи семејства, млади и љубители на интернационални култури.
Програмата опфаќа музички настап на DJ Filip Popovski, работилница „Играме И-ГО“ со професор Јошио Којама, како и презентација на јапонски боречки вештини.
Целта на фестивалот е промоција на јапонската традиција, култура и филозофија, како и поттикнување културна размена и едукација.
Настанот е поддржан од Општина Аеродром и е отворен за јавноста.

