Во најновото соопштение, Централниот заповеднички центар на американската војска објави дека погодиле 16 бродови за поставување поморски мини во близина на Ормутскиот теснец.
Претходно претседателот Доналд Трамп објави дека погодиле 10 ирански бродови кои се обидувале да постават поморски мини.
„Со задоволство известувам дека во последните неколку часа погодивме и целосно уништивме 10 неактивни бродови и бродови за поставување мини, а ќе следат уште“, напиша тој на Трут Соушл.
Трамп, исто така, ја смени својата претходна објава за иранските напори за поставување мини во Ормускиот теснец, додавајќи два реда во кои ветува дека ќе ги уништи бродовите „насилно“.
„Дополнително, ја користиме истата технологија и ракетни можности распоредени против трговците со дрога за трајно елиминирање на секој чамец или брод што се обидува да го минира Ормускиот теснец“, пишува тој. „Со нив ќе се справиме брзо и насилно.
