Официјални лица на САД, Данска и Гренланд започнаа преговори со цел решавање на дипломатската криза предизвикана од најавите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со преземањето на контролата врз островот, кој е во составот на Кралството Данска.
Данското Министерство за надворешни работи соопшти дека високи претставници од трите земји се состанале за да „разгледаат како да одговорат на загриженоста за безбедноста на САД во Арктикот, почитувајќи ги црвените линии на Кралството”.
Данските претставници изјавија дека се подготвени за преговори и соработка со САД, под услов суверенитетот на Гренланд да не биде доведен во прашање.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
