Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа најави дека неделава се очекува руските и украинските преговарачи, кои се сретнаа во Абу Даби
минатата седмица, повторно да разговараат за американскиот план за решавање на конфликтот.
Тој додаде дека на претходната средба, помеѓу руските и украинските преговарачи и американските посредници, постигнат е договор зa безбедносни гаранции за Украина, што е клучно барање на Киев. Останува сега клучното барање на Русија, териториите.
Инаку, од Кремљ посочуваат дека Претседателот Володимир Зеленски треба да отпатува во Москва ако сака да одржи директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
