Руската државна компанија „Росзарубежнефт” објави дека нема намера да се повлече од своите нафтени проекти во Венецуела, и покрај изјавите на Доналд Трамп дека САД ќе ја преземат контролата врз извозот на венецуелска нафта.
Од компанијата велат дека нивните средства се стекнати под пазарни услови и се во сопственост на руската држава и дека ќе продолжат да ги исполнуваат обврските во соработка со своите меѓународни партнери.
Русија и Венецуела соработуваат во енергетскиот сектор уште од 2008 Година. И покрај американските санкции, Москва досега не се повлекла ниту од еден нафтен проект во Латинска Америка.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
