Украински напад со дрон врз танкер во јужното руското пристаниште Ростов на Дон усмртил неколку лица и го оштетил бродот. Гувернерот на Ростовската област рано утрово соопшти дека меѓу загинатите има членови на екипажот на бродот, а уништена била и блиска станбена зграда во изградба.
И руските сили синоќа извршија напади врз Украина. Во југоисточниот град Запорожје, најмалку 32 лица се повредени во воздушни напади.
Во меѓувреме и двете земји изјавуваат дека бараат дипломатско решение на војната.

