Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Романската војска уништи поморски дрон произведен од Украина
    Свет

    Романската војска уништи поморски дрон произведен од Украина

    04/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Романската војска уништи поморски дрон кој ја загрозуваше пловидбата во Црното Море, соопшти вчера романското Министерство за национална одбрана, во услови на растечка загриженост за ризиците за бродарството во областа поврзани со војната во Украина.

    – Тимот за интервенција доби одобрение за неутрализација на идентификуваниот објект, во согласност со важечките оперативни процедури, а околу 13:00 часот поморскиот дрон беше уништен со контролирана детонација, се вели во соопштението.
    Министерството наведе дека дронот Sea Baby бил пронајден 66 километри источно од Констанца. Sea Baby е поморски дрон развиен од Украина.

    Портпаролот на романското Министерство за одбрана одби да прецизира од која земја потекнува дронот, но потврди дека станува збор за Sea Baby.
    Украинската служба за безбедност СБУ порача дека сите нејзини дронови Sea Baby кои учествувале во оперативни задачи во регионот на Црното Море се пронајдени.
    – Ниту еден не влегол во романски води. Украина несомнено се придржува до меѓународното право, не ги крши меѓународните граници и со почит се однесува кон своите партнери, соопшти прес-службата на СБУ.

    Загриженоста за безбедноста на пловидбата во Црното Море по нападите на танкери поврзани со Русија, за кои делумно одговорност презеде Украина, предизвика пораст на цените на осигурувањето во водната област која е клучна за испорака на житарки, нафта и нафтени деривати.

    Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и генералниот секретар на НАТО Марк Руте вчера разговараа за безбедноста на Црното Море, потврди извор од турското Министерство за надворешни работи, откако Анкара изрази загриженост поради нападите.
    Романија, Бугарија и Турција имаат заедничка работна група за деактивирање на заскитани мини кои почнаа да пловат во Црното Море откако Русија ја нападна Украина во 2022 година. Од почетокот на војната, откриени и уништени се приближно 150 пловечки мини, според податоците на романската морнарица.

    Поврзани вести:

    Пентагон откри: Војната со Иран досега ги чинела САД 48,3 милијарди долари

    Пентагон откри: Војната со Иран досега ги чинела САД 48,3 милијарди долари

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    Стотици мажи протестираа во Швајцарија: Не смееме да молчиме за насилството врз жените

    Стотици мажи протестираа во Швајцарија: Не смееме да молчиме за насилството врз жените

    Макрон по 10 години во политиката: Дадов сè од себе за Франција, но имаше и грешки

    Макрон по 10 години во политиката: Дадов сè од себе за Франција, но имаше и грешки

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    војска дрон ромаија Украина
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Пентагон откри: Војната со Иран досега ги чинела САД 48,3 милијарди долари

    20/11/2026

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    19/11/2026

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    19/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.