Делси Родригез, привремената претседателка на Венецуела, изјави дека ќе се спротивстави на „агресијата на САД преку дипломатски средства“, објавија денеска медиумите.
„Потврдив дека Венецуела ќе продолжи да се спротивставува на оваа агресија преку дипломатски канали“, додаде таа, кратко откако Вашингтон и Каракас ја објавија својата подготвеност за обновување на дипломатските односи.
За време на онлајн состанокот со претседателите на Бразил и Колумбија, Лула да Силва и Густаво Петро, како и шпанскиот премиер Педро Санчез, Родригез ја осуди она што го нарече „криминална, нелегална и нелегитимна агресија извршена против Боливарската Република Венецуела“ на 3 јануари, со бомбардирањето на САД што му претходеше на апсењето на претседателот Николас Мадуро.
Катар, по акцијата на САД на 3 јануари, повторно понуди посредништво помеѓу Венецуела и САД. Тој со години играше посредничка улога во преговорите меѓу Венецуела и САД, повикувајќи на „решавање на разликите преку дијалог“, потсетува „Ле Фигаро“.







