Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Родителите на жртвите од „Пулс“ по 49. пат маршираа: Нашите деца немаат глас, ние сме нивниот
    Република

    Родителите на жртвите од „Пулс“ по 49. пат маршираа: Нашите деца немаат глас, ние сме нивниот

    16/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, заедно со голем број граѓани, денеска по 49. пат маршираа низ улиците на Кочани во чест на своите најблиски кои трагично ги загубија животите на 16 март минатата година.

    Во рацете носеа транспаренти во форма на срце со имињата на сите жртви, а на кружниот тек на булеварот „Стево Теодосиевски“ запалија свеќи, одбележувајќи точно година и половина од трагедијата.

    За разлика од претходните маршеви, овој пат родителите имаа едно заедничко обраќање пред Основниот суд во Кочани. Најголемо незадоволство изразија поради тоа што наскоро му истекува законскиот рок на притвор на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов, како и поради информациите дека била понудена гаранција во имот за негово евентуално ослободување.

    Во име на семејствата зборуваше Валентина Христовска, мајка на починатиот Павел Христовски.

    „Само два дена пред овој марш слушнавме од одбраната дека притворот не можел да продолжи, освен ако не се измисли ново кривично дело. Во исто време се нуди имот како гаранција за негово излегување од притвор. Но, кој им ја гарантираше безбедноста на нашите деца кога влегоа во ‘Пулс’?“, праша Христовска.

    Таа нагласи дека семејствата бараат целосно да се испитаат сите околности поврзани со работењето на дискотеката – од реконструкцијата и пренамената на објектот, преку издавањето на лиценцата, до инспекциските контроли, финансиското работење, организацијата на концертот, внесувањето пиротехника и капацитетот на објектот.

    Родителите истакнаа дека не бараат тие да одлучуваат кој ќе биде во притвор, туку судот да постапува исклучиво според законот и доказите.

    „Бараме законот да биде гаранција дека ниту еден пропуст нема да остане непроверен, ниту една незаконитост премолчена и ниту една одговорност неиспитана“, порача Христовска.

    Во своето обраќање таа истакна дека семејствата нема да престанат да ја бараат вистината и одговорноста.

    „Нашите деца денес не можат да зборуваат. Ние сме нивниот глас. И додека не ја добиеме целата вистина, тој глас нема да замолкне“, рече Христовска.

    Маршот започна од Паркот на Револуцијата, продолжи преку мостот кај Трговскиот центар, а учесниците застанаа и пред зградите на Управата за јавни приходи и Полициската станица, од каде повторно побараа правда за жртвите и целосно расчистување на трагедијата.

    Поврзани вести:

    (Видео) Драма во Струмица со среќен крај: Малолетничка не одговарала, пожарникарите влегле во станот

    (Видео) Драма во Струмица со среќен крај: Малолетничка не одговарала, пожарникарите влегле во станот

    Македонија ќе ги подобрува условите во казнено-поправните установи со европски заем

    Македонија ќе ги подобрува условите во казнено-поправните установи со европски заем

    30 училишта добиваат нови спортски услови, инвестицијата вредна 3 милиони евра

    30 училишта добиваат нови спортски услови, инвестицијата вредна 3 милиони евра

    Поднесено обвинение за палењето на возила пред бугарската Амбасада во Скопје

    Поднесено обвинение за палењето на возила пред бугарската Амбасада во Скопје

    Одбраната во случајот „Онкологија“ бара одговор дали вештаците добиле целосна документација

    Одбраната во случајот „Онкологија“ бара одговор дали вештаците добиле целосна документација

    Нема криење на бодовите за студентските домови, ранг-листите се транспарентни, кажа Јаневска

    Нема криење на бодовите за студентските домови, ранг-листите се транспарентни, кажа Јаневска

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    кочани марш пулс трагедија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    (Видео) Драма во Струмица со среќен крај: Малолетничка не одговарала, пожарникарите влегле во станот

    16/09/2026

    Македонија ќе ги подобрува условите во казнено-поправните установи со европски заем

    16/09/2026

    30 училишта добиваат нови спортски услови, инвестицијата вредна 3 милиони евра

    16/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.