Косово пак ќе оди на избори. Косовската претседателка Вјоса Османи денес потпиша указ за распуштање на парламентот и објави дека ќе бидат распишани предвремени избори.
Османи изјави дека неуспехот на пратениците да изберат претседател го турна Косово во нови избори. Таа најави дека ќе одржи консултации со лидерите на парламентарните партии за датумот за закажување на предвремени парламентарни избори.
На вонредна седница одржана само неколку часа пред уставниот рок за избор на претседател, парламентот го суспендираше изборниот процес поради недостаток на кворум.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
