Утревечер од 19 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде промовирана книгата „70 години македонски филмски плакат 1952-2022″ од авторите Владимир Величковски и Валентино Димитровски.
Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнати плакати креирани во периодот од 1952 до 2022, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика. Ќе има и изложба на македонски филмски плакати.

