Политичката криза во Косово продолжува, откако вчера Уставниот суд го замрзна указот за распуштање на Парламентот издаден на 6 март од претседателката Вјоса Османи. Со ова на Османи и се забрани да презема какви било дејствија во врска со указот, а исто така и на Собранието му забрани да презема дејствија поврзани со указот.
Косовскиот парламент, по предвремените парламентарни избори повторно не успеа да избере претседател на седницата на 5 март, поради недостаток на кворум, еден ден подоцна, претседателката нареди распуштање на парламентот, повикувајќи се на член од Уставот кој предвидува избор на нов претседател на републиката 30 дена пред истекот на мандатот на сегашниот претседател.
Многу уставни експерти во Косово оваа одлука на Османи ја оспорија.
