Кривична пријава за 14 припадници на Армијата поднел вчера независниот Синдикат на професионални војници до надлежните институции. Пријавата според соопштението на Синдикатот е за сомневања за сторени кривични дела на злоупотреба на службена положба, злосторничко здружување и несовесно работење.
Од пријавените лица, 11 се офицери и три подофицери, вработени во различни единици на Армијата, меѓу кои има и команданти на армиски единици.
Дополнително од синдикатот упатија и апел до претседателката на државата и врховен командант на Армијата, Гордана Силјановска-Давкова, да ги преиспита одлуките за унапредувања и поставувања на одговорни воени позиции.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
