Претставата „Кармен” од Драмски театар – Скопје ќе биде изведена на меѓународен театарски фестивал во Сеул, Јужна Кореја, по повод Светскиот ден на театарот. Станува збор за монодрама со актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, во режија на Дејан Пројковски, која е една од најнаградуваните претстави од домашната сцена. Настапот во Сеул е дел од официјалната фестивалска програма и претставува значајно меѓународно претставување на македонската култура и театар.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
