Утрово МВР спроведе широка координирана операција на неколку точки во Скопје и околните села. Акцијата е насочена кон спречување недозволена трговија со оружје и откривање на организирани криминални активности.
Според првичните информации, повеќе лица се приведени и префрлени на разговор во полициски станици, а оперативните активности продолжуваат
Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираат дека полициски службеници под раководство на јавен обвинител извршиле претреси на повеќе локации во Арачиново, Ченто, Брест, Инџиково и Чаир поради основи на сомневање за сторени кривични дела поврзани со оружје и дрога.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
