Нови врнежи од дожд се очекуваат од денеска попладне. Претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен, а долж Повардарието, засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 километри на час.
Максималната дневна температура ќе се движи од 17 до 22 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 21 степени.
Врнежите од дожд ќе се задржат до четврток кога се очекува да бидат пообилни во источните делови кога ќе има и појава на ретки грмежи.

