Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Пресек по третиот квартал од 2025: „Булмак 2016“ уплати 58.231.096 денари за концесиски надоместоци
    Економија

    Пресек по третиот квартал од 2025: „Булмак 2016“ уплати 58.231.096 денари за концесиски надоместоци

    16/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Износот за концесиски надоместоци од Булмак 2016 за четирите општини Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица, само за првите 9 месеци од 2025 година изнесува 45.420.255 денари

    Пробиштип, 15 октомври 2025 – „Булмак 2016“, компанијата што ги управува рудниците „Злетово“ и „Тораница“, ја информира јавноста дека во првите девет месеци од 2025 година плати вкупно 58.231.096денари концесиски надоместоци. Согласно законската распределба од нив 22% се слеваат во државниот буџет, односно 12.810.841 денари и останатите 78% или 45.420.255 денари се слеваат во буџетите на Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица.

    „Нашата одговорност се гледа и во бројки и во доверба. Во првите девет месеци од 2025 година пресметавме 58.231.096 денари за концесиски надоместоци, од кои значаен дел се слеваат во четири локални буџети. Тоа се средства за улици, училишта, спорт и услуги што граѓаните ги користат секој ден. Ќе продолжиме со транспарентна комуникација, инвестиции во безбедност и модернизација на нашите рудници и со цврсто партнерство со заедниците во кои работиме,“ изјави Тони Тоневски, директор на „Булмак 2016“.

    Компанијата со навремена исплата на средствата ја покажува и општествената одговорност кон локалната заедница. Средствата на локално ниво се распределуваат во четири општини каде што компанијата има активности. Општина Пробиштип добива 21.694.615 денари, Крива Паланка – 21.817.460 денари, Кратово – 1.384.763 денари и Македонска Каменица – 523.417 денари. Овој прилив ја нагласува регионалната важност на работењето на рудниците Тораница и Злетово како стабилен извор за финансирање на општински проекти во инфраструктурата, образованието, спортот и јавните услуги.

    „Булмак 2016“ останува посветен на навремено исполнување на сите законски обврски и на отворена комуникација со јавноста.

    Комбинацијата од стабилно производство и предвидливи уплати создава поголема сигурност за локалните буџети и дополнителен простор за развојни проекти на регионално ниво. Во фокусот на компанијата се безбедноста, ефикасноста и општествена одговорност, со континуирани инвестиции во технологија, модернизација и мерки за заштита на животната средина, во партнерство со локалните заедници.

    Поврзани вести:

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.