Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Прекината седницата на Анкетната комисија за трагедијата во Кочани, продолжението дополнително ќе се закаже
    Политика

    Прекината седницата на Анкетната комисија за трагедијата во Кочани, продолжението дополнително ќе се закаже

    09/12/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права и пратеник на Левица, Димитар Апасиев попладнево ја прекина седницата на Комисијата, на чиј дневен ред е претставката поднесена од Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, во јавноста познато како Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Потенцира дека продолжението на седницата, на која се очекува да се усвојат зкалучоци, дополнително ќе биде закажано.

    – Констатирам дека расправата по точката од дневниот ред е завршена. По исцрпната дискусија, тука ја прекинувам работата на денешната петта седница и за првото продолжение, на кое очекувам пратениците да усогласат и донесат соодветни ставови, мерки и заклучоци кои би ги предложиле на усвојување, дополнително и навремено ќе бидете известени во координација со подносителите, рече Апасиев.

    Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ истакна дека централниот елемент на дискусијата треба да биде дека во оваа држава некој дозволува да не се следат законите, прописите и да не постапуваат институциите „само заради парите“.
    – Кога се случи трагедијата, мислам дека инхерентно сите знаевме дека системот потфрлил. Кога системот потфрлува, што е тоа потфрлање на системот? Но, јас не мислам дека е таму проблемот колку што таму е начинот да се изземат од одговорност тие што треба да постапуваат. На нас трагедии ни се случуваат затоа што институциите молчат пред приватниот интерес кој генерира пари на незаконски начин. Кога станува збор за повредата на човековите права, тие најчесто во нашата држава се случуваат на основа на желбата некој да генерира профит. Мене ми е апсурдно денеска да зборуваме за процедура, рече Мециновиќ.

    Претходно, на почетокот на седницата на Комисијата, Марија Петрушова како претставник на Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“ нагласи дека нивното барање е овој случај да се разгледа како сериозна повреда на човековите права, со посебен акцент на правото на живот.
    – Ние сме овде не само за да жалиме за нашите деца, туку и за да бараме правда за нив. Оваа трагедија не е само поради една погрешно запалена искра, туку последица на системски пропусти кои го загрозуваат најосновното право – правото на живот, безбедност и праведност. Она што го доживеавме не е само институционална неефикасност – тоа е системска опасност за сите граѓани. Нашите барања се: итна и целосна институционална поддршка за сите семејства на починатите во пожарот во „Пулс“ – Кочани, јасен и официјален одговор за причините за продолженото доцнење и целосната неактивност на институциите, утврдување конкретни рокови за завршување на сите постапки поврзани со поддршката, разгледување на сите преостанати точки од веќе поднесеното барање. Владата има законска, морална и човечка обврска да постапи јасно, праведно и одговорно, да покаже грижа, солидарност и чувствителност кон семејствата кои претрпеа ненадоместлива загуба. Нашите деца го заслужуваат тоа. Нашата болка го заслужува тоа, рече Петрушова.

    Минатата недела, на предлог на пратениците од парламентарното мнозинство – ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ во Собранието беше донесена одлука да се основа Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Република Северна Македонија која ќе се фокусира на трагедиите во Кочани, во Модуларната болница, Дурмо турс и Ласкарци.

    На 19 ноември годинава, во судницата во КПУ Идризово започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март годинава, загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.

    Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска и се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и бројни новинари. На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска ја призна работата на Владата за македонскиот идентитет

    ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска ја призна работата на Владата за македонскиот идентитет

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    Мицкоски: Економијата расте, резултатите треба да ги почувствуваат граѓаните

    Мицкоски: Економијата расте, резултатите треба да ги почувствуваат граѓаните

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не успеа да го направи СДС опозиција

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не успеа да го направи СДС опозиција

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    апасиев кочани пулс седница
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Студенти бараат студентскиот оброк да се зголеми на 200 денари, министерката вели дека може да биде 147 денари

    03/10/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска ја призна работата на Владата за македонскиот идентитет

    03/10/2026

    Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките за уставните измени, но очекува напредок

    03/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.