Делови од општина Карпош денеска ќе останат без водоснабдување поради дефект на приклучна водоводна цевка на улицата „Мексичка“ број 10, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улицата „Мексичка“, како и делови од улиците „Варшавска“, „Хелсински“, „Ташкенска“, „Хаванска“ и „Париска“.
Водата ќе биде исклучена од 9:00 часот и ќе биде повторно пуштена по завршувањето на интервенцијата и санирањето на дефектот.
Од ЈП „Водовод и канализација“ апелираат до граѓаните од погодените улици навреме да обезбедат доволни количини вода за основните потреби до нормализирање на водоснабдувањето.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
