Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Позитива: Македонски ученици на Олимпијада за роботски спортови во Крит
    Република

    Позитива: Македонски ученици на Олимпијада за роботски спортови во Крит

    02/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Осум ученици од СТЕМ Академија, поделени во три тима заедно со нивните двајца ментори, ќе учествуваат на Олимпијадата за роботски спортови „Minoan Robotsports Competition Global Olympiad“, што од 3 до 6 април се одржува на грчкиот остров Крит.

    Македонија и оваа година има силно претставување на една од најпрестижните светски олимпијади за роботски спортови, учениците ќе се натпреваруваат во најсложените дисциплини на ова глобално натпреварување, на кое ќе земат учество околу 1.500 тимови од над 40 држави од целиот свет.

    Учениците Павел Попоски, Анастасија Дудеска, Јаков Петков, Андреј Спасевски, Стефан Пешов, Матеа Андонова, Глигор Дединец, Петар Копачев се поделени во три тимови: SPACE WALKERS (на возраст од 13 до 18 години), SPACE WALKERS JR (од 13 до 18 години) и SPACE WALKERS ALFA (на возраст до 12 години) и ќе настапат во најтешката дисциплина – Pentathlon Arena.

    Станува збор за најпредизвикувачката дисциплина на Олимпијадата, каде роботите се самостојно дизајнирани, самостојно изградени и самостојно програмирани од самите ученици.

    Во оваа дисциплина роботите мора целосно автономно, без никаква интервенција од тимовите, во рок од четири минути да извршат серија комплексни задачи со висока прецизност и сигурност.

    Дополнително, тимовите SPACE WALKERS и SPACE WALKERS JR ќе настапат и во категориите транспорт на товар со самостојно изграден и програмиран хуманоиден робот, како и прецизно наведување на дронови, што претставува уште едно ниво на техничка сложеност и инженерска подготовка.

    Ментори на тимовите се Александра Митревска и Жарко Поп-Илиев.

    Од истата Олимпијада во 2024 и 2025 година, тимовите на СТЕМ Академија се вратија со извонредни резултати.

    Лани ги освоија првото, второто и третото место во категоријата петобој арена, додека пак пред две години се пласираа на првото и второто место.

    Од СТЕМ за МИА велат дека овие резултати ја позиционираат Македонија меѓу најуспешните земји во дисциплината Pentathlon Arena и потврдуваат дека нивните млади учесници се дел од светската елита во роботиката.

    Поврзани вести:

    Серафимовски денеска ќе ги соопшти мерките за проблемот со кравите во Крива Паланка

    Серафимовски денеска ќе ги соопшти мерките за проблемот со кравите во Крива Паланка

    Времето драстично се менува: Денес до 22 степени, потоа следува нагло заладување

    Времето драстично се менува: Денес до 22 степени, потоа следува нагло заладување

    Протест пред Владата поради фемицидите: Граѓаните ќе бараат одговорност од институциите

    Протест пред Владата поради фемицидите: Граѓаните ќе бараат одговорност од институциите

    Естонската амбасадорка во Скопје: Европската иднина се гради преку партнерство и разбирање

    Естонската амбасадорка во Скопје: Европската иднина се гради преку партнерство и разбирање

    Институциите бараат трајно решение за кравите кои слободно се движат низ Крива Паланка

    Институциите бараат трајно решение за кравите кои слободно се движат низ Крива Паланка

    Мицкоски во Берлин на Коалицијата на волните

    Мицкоски во Берлин на Коалицијата на волните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    крит македонски ученици олимпијада роботски спортови
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Серафимовски денеска ќе ги соопшти мерките за проблемот со кравите во Крива Паланка

    20/11/2026

    Времето драстично се менува: Денес до 22 степени, потоа следува нагло заладување

    20/11/2026

    Протест пред Владата поради фемицидите: Граѓаните ќе бараат одговорност од институциите

    20/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.