Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Постигнат договор: Ајварката ќе се откупува по 40 денари за килограм
    Економија

    Постигнат договор: Ајварката ќе се откупува по 40 денари за килограм

    11/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    По повеќедневните протести на земјоделците, производителите, откупувачите и преработувачите постигнаа договор за повисоки откупни цени на пиперката ајварка. На средба во Струмица беше договорено првата класа да се откупува по 40 денари за килограм, првата и втората класа за преработувачките капацитети по 30 денари, а шкартот по 15 денари за килограм.

    Министерот за земјоделство, Борче Серафимовски, оцени дека договорените цени се резултат на заеднички разговори меѓу сите засегнати страни и повика договорот целосно да се почитува. Тој побара од преработувачите реална и објективна класификација на пиперката, од откупувачите навремено да ги информираат производителите за квалитетот и цената, а од земјоделците родот да го предаваат согласно утврдените стандарди.

    Според министерот, земјоделците заслужуваат нивниот труд и вложувањата да бидат соодветно вреднувани, а постигнатиот договор треба да обезбеди поправеден откуп во тековната сезона.

    Проблемот со ниските откупни цени беше актуелен изминатите денови во Струмичко, каде што производителите на пиперката куртовска капија протестираа против првично понудените 25 денари за килограм за прва класа. Тие предупредуваа дека со таква цена не можат ниту да ги покријат трошоците за производство, кои постојано растат.

    Од Месното здружение на млади од Муртино, кое ги организираше протестите, претходно најавуваа продолжување на блокадите доколку не се понуди прифатливо решение. Со новиот договор протестите засега се ставаат во мирување.

    Серафимовски најави дека од октомври ќе започнат разговори за системски измени во земјоделството. На маса ќе бидат прашањата за класификацијата на земјоделските производи, роковите за исплата, како и обврските на откупувачите и преработувачите, со цел ваквите проблеми да не се повторуваат секоја година.

    Во меѓувреме, незадоволството меѓу земјоделците продолжува и во Пелагонија. Тамошните производители бараат итна исплата на преостанатите субвенции за 2025 година, предупредувајќи дека без тие средства тешко ќе ја започнат есенската производна сезона.

    Тие бараат исплатата да заврши до крајот на неделата, а во спротивно најавуваат блокада на граничниот премин Меџитлија. Од Министерството за земјоделство велат дека состојбата внимателно се следи и дека комуникацијата со производителите, откупувачите и преработувачите ќе продолжи и во наредниот период.

    Поврзани вести:

    Нова приватна инвестиција во енергетиката, премиерот Мицкоски вели дека особено е значајна пред предизвикувачката зима

    Нова приватна инвестиција во енергетиката, премиерот Мицкоски вели дека особено е значајна пред предизвикувачката зима

    УЈП објави нова листа на должници: Над 13,6 милијарди денари неплатени долгови

    УЈП објави нова листа на должници: Над 13,6 милијарди денари неплатени долгови

    „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ+“ со стабилен изглед

    „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ+“ со стабилен изглед

    Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,18 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,18 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    Божиновска со Ацевски за наодите и препораките од ревизиите во енергетскиот сектор

    Божиновска со Ацевски за наодите и препораките од ревизиите во енергетскиот сектор

    Превозниците од Западен Балкан го откажаа протестот на границите со ЕУ

    Превозниците од Западен Балкан го откажаа протестот на границите со ЕУ

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Нова приватна инвестиција во енергетиката, премиерот Мицкоски вели дека особено е значајна пред предизвикувачката зима

    12/09/2026

    УЈП објави нова листа на должници: Над 13,6 милијарди денари неплатени долгови

    12/09/2026

    „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ+“ со стабилен изглед

    12/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.