По повод државниот празник „Ден на независноста на Република Северна Македонија“, во вторник во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај.
Како што информираат од СВР Скопје, поради музичкиот настан што ќе се одржи на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток во 19:00 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на движењето на возилата.
Посебен режим ќе има на приодите кон арената, како и на булеварот „Илинден“, каде се очекува зголемена фреквенција на возила и посетители.
Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата од полициските службеници кои ќе бидат ангажирани за безбедно одвивање на сообраќајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
