Поранешниот албански претседател и лидер на опозициската, Партија на слободата, Илир Мета, останува во затворски притвор, откако Врховниот суд го отфрли барањето за изрекување поблаги мерки.
Ова не е првпат Мета да бара поблаги мерки, но сите судски инстанци, вклучително, сега и Врховниот суд, ги отфрлија барањата.
Мета е во притвор од октомври минатата година, заради истрага на Специјалното обвинителство под сомневање за извршени кривични дела корупција, перење пари и прикривање на имот.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

