Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Помошник-директор во Царина приведен поради сомнение за примање мито
    Хроника

    Помошник-директор во Царина приведен поради сомнение за примање мито

    10/09/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Функционер на Царинската управа е уапсен во акција на Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, откако бил затекнат при примање обележани парични средства во износ од 17.500 евра.

    Од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираат дека акцијата била спроведена под раководство на надлежен јавен обвинител, а ја реализирале полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.

    Според првичните информации, уапсениот, кој извршувал функција помошник-директор во Царинската управа, ги побарал парите како поткуп за да го искористи своето влијание во две постапки што се воделе пред институцијата.

    Од Обвинителството најавија дека повеќе детали за случајот ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.

    И од Министерството за внатрешни работи потврдија дека лицето е лишено од слобода додека примало претходно обележани парични средства во износ од 17.500 евра.

    По целосното документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

    Во претходно објавени информации беше наведено дека уапсениот побарал поткуп поврзан со тендерска постапка во Царинската управа. Според тие информации, при полициската акција тој не застанал на наредбите на полицијата и се обидел да избега, но набргу бил приведен.

    Поврзани вести:

    Кривична пријава за 20-годишник од Старо Нагоричане, живеел во вонбрачна заедница со 14-годишно девојче

    Кривична пријава за 20-годишник од Старо Нагоричане, живеел во вонбрачна заедница со 14-годишно девојче

    Пожар зафати неколку куќи кај Бит-пазар

    Пожар зафати неколку куќи кај Бит-пазар

    Пет лица приведени во Скопје, кај нив пронајдени дрога и бела прашкаста материја

    Пет лица приведени во Скопје, кај нив пронајдени дрога и бела прашкаста материја

    Кичевец приведен по полициски претрес, пронајдени бела прашкаста материја и фолии со траги

    Кичевец приведен по полициски претрес, пронајдени бела прашкаста материја и фолии со траги

    Тешка сообраќајка во Скопје: 23-годишна девојка со сериозни повреди

    Тешка сообраќајка во Скопје: 23-годишна девојка со сериозни повреди

    Со „Мерцедес“ прегазил полицаец – кој му дал наредба да застане

    Со „Мерцедес“ прегазил полицаец – кој му дал наредба да застане

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Кривична пријава за 20-годишник од Старо Нагоричане, живеел во вонбрачна заедница со 14-годишно девојче

    10/11/2026

    Пожар зафати неколку куќи кај Бит-пазар

    09/11/2026

    Пет лица приведени во Скопје, кај нив пронајдени дрога и бела прашкаста материја

    09/11/2026
    Додади Коментар

    Коментарите се затворени.



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.