Почна протестот на ССМ пред Собранието. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, најави мирна блокада на две локации на влезовите, која ќе трае до почетокот на седницата закажана за 11 часот, со цел пратениците да не можат да пристигнат до своите возила и да мора да користат пеш или јавен превоз.
Тој утрово пред Собранието ги критикуваше пратениците за тоа што две години го блокираат предлогот на синдикатот за зголемување на минималната плата и сите работнички плати за најмалку 6.000 денари.
„Голем дел од пратениците рано утрово дојдоа пред 9 часот за да избегнат средба со работниците. Се срамат од своите гласачи затоа што одбиваат да ја зголемат платата, а во исто време нивните плати ќе се зголемат за 12,6%“, рече Трендафилов.
