Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Почна изградбата на новата градинка „Пролет“ во Козле
    Скопје

    Почна изградбата на новата градинка „Пролет“ во Козле

    22/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во населбата Козле официјално започна изградбата на новата детска градинка „Пролет“, проект со кој ќе се обезбедат дополнителни капацитети за згрижување на најмладите жители на Општина Карпош.

    На означувањето на почетокот на градежните работи присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски.

    Новата градинка ќе се простира на 1.150 квадратни метри, на парцела со вкупна површина од 2.000 квадратни метри. Објектот ќе располага со седум занимални и ќе има капацитет за згрижување на 130 деца.

    Според Крстевски, предвидениот рок за изградба е 120 дена, а очекувањата се градинката да биде ставена во функција пред почетокот на зимата.

    Премиерот Мицкоски истакна дека инвестициите во објекти за најмладите се меѓу приоритетите и нагласи дека новата градинка ќе обезбеди современи услови за учење, игра и дружење, како и сигурност за родителите.

    Министерот Лимани порача дека вложувањето во предучилишното образование е вложување во иднината на државата. Тој истакна дека целта на Министерството е секое дете да има пристап до квалитетна грижа и безбедна средина, а Владата продолжува со проширување на капацитетите за намалување на листите на чекање.

    Лимани најави дека до крајот на оваа или во текот на следната година ќе бидат отворени повеќе градинки кои се во фаза на изградба, со што ќе се обезбедат околу 3.500 нови места за згрижување на деца.

    Поврзани вести:

    Финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

    Финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

    Водата во Скопје е исправна и безбедна за пиење

    Водата во Скопје е исправна и безбедна за пиење

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

    26/10/2026

    Водата во Скопје е исправна и безбедна за пиење

    26/10/2026

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.