Откако минатата недела градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски најави уривање на дивоградба, односно узурпација на јавен простор во Скопје Север, сопственикот во текот на викендот самиот ја вратил локацијата во првобитна состојба.
Општинските инспектори утрово излегле на терен и констатирале дека узурпацијата е отстранета и дека државниот имот не е оштетен.
Костовски порача дека не е важно дали надвладеал разумот или стравот од соочување со законот, туку дека јавниот простор е ослободен.
Тој нагласи дека државниот имот не смее да биде узурпиран или оштетуван и порача дека законот важи за сите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
