Медиумската куќа Ал Џезира Балканс го прекинa своето емитување.
Седиштето на Ал Џезира Балканс се наоѓаше во Сараево, а според достапните информации, околу 200 вработени остануваат без работа. Станува збор за новинари, уредници, сниматели, техничари и администрација кои со години работеа на градење на медиум кој се издвојуваше по објективност, регионална перспектива и професионални стандарди.
Од своето основање во 2011 година, Ал Џезира Балканс важеше за еден од ретките независни и регионално ориентирани гласови во медиумскиот простор на поранешна Југославија, чии прилози често беа користени и од меѓународни новински агенции.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
