Плочникот зад Соборниот храм во Градски Ѕид, како што информираше градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски добил нов, разубавен лик.
„Засадивме леандри, зимзелени и листопадни високи грмушки, ниски украсни растенија и шарен цветен расад. Сè е внимателно одбрано за да се вклопи во просторот и да внесе разиграност, свежина и боја во урбаното јадро. Затоа што едно од најчестите барања на маалските средби е повеќе зеленило и уредени површини “, напиша Герасимовски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
