Пет ученици од основното училиште „Димо Хаџи Димов“, кои беа затруени вчера се задржани на лекување во Клиниката за детски болести. Како што дознаваме од надлежното министерство, нивната состојба е стабилна, но и понатаму се жалат на болки во стомакот и поради сигурност лекарите ги задржале на понатамошно лекување и следење на состојбата.
Инаку, од вчера растрчани се инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство со вонредни инспекциски контроли во кујните на плус 9 други основни училишта во Општина Карпош. Таму со храна ги снабдувал истиот оператор.
Во рамки на вонредните контроли во овие училишта каде нема деца кои појавиле симптоми на труење со храна, се земаат мостри од храна и од работните површини за лабораториско тестирање.
АХВ ги чека резултатите од тестирањата на земените примероци храна и од работните површини, земени во рамки на вчерашната воонредна инспекциска контрола која заедно ја спроведоа инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот здравствен и санитеран инспекторат, и Институтот за јавно здравје.

