Со апел до опозицијата да ги поддржи предложените измените и дополнувања на Законот за локална самоуправа го започна отчетот министерот Златко Перински.
Тој нагласи дека е финализиран текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа во согласност со европските стандарди и Извештајот на Венецијанската комисија од 2019 година, осообено во делот на локална демократија преку можноста за отповикување градоначалник.
– Она што беше основна задача на Министерството ја завршивме, дадовме се од себе преку транспарентен и инклузивен процес во рамки на осуммесечен период да ги вклучиме сите засегнати страни. Генерално измените кои ги детерминаравме се однесуваат на зголемените демократски процеси во рамки на реализирање на локалните политики. Во моментов, законот е во собраниска процедура и затоа еднаш упатувам апел до опозицијата предводена од ДУИ и СДСМ да ги надминат своите суети и да го поддржат ова законско решение, бидејќи навистина и на граѓаните и на градоначалниците ќе им ги отвори повеќе вратите за пристапност во делот на комуникација со граѓаните, гласачите и ќе го даде механизмот за референдумско отповикување на градоначалник што сметам дека е насушно потребно, рече Перински.
Перински во отчетот рече дека изминатата година се почнати реални вложувања во инфраструктурата на општините и е поставена рамката за стратешки и рамномерен развој на државата. Наведе дека преку Потпрограмата АА за инфраструктурни општински проекти општините аплицирале со околу 1200 проекти, а вкупната ивестиција е 20 милијади денари, што нагласи дека претставува досега најголема распределна на јавни средства за поддршка на локалниот развој.
