Општина Бутел започна голема акција за чистење и одржување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа на својата територија, со цел подобрување на функционалноста на системот и спречување проблеми во иднина.
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со директорот на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, Иван Митровски, извршија увид во заедничките активности на општината и претпријатието за расчистување и одржување на канализациската мрежа.
Од Општина Бутел информираат дека акцијата ќе продолжи и во наредните денови, при што ќе бидат опфатени сите населени места во општината.
Целта на активностите е да се обезбеди подобар проток и функционирање на канализациониот систем, да се намали ризикот од застои и поплавувања, како и да се придонесе кон почиста и поздрава животна средина за жителите.
