Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Одреден 30-дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини
    Хроника

    Одреден 30-дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини

    24/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На барање на Јавното обвинителство, Основниот кривичен суд Скопје вечерва му одреди 30-дневен притвор на поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини.

    Мерката притвор е определена поради основано сомневање дека лицето сторило кривично дело Проневера во служба.

    „Воедно, судот оцени дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и можност за влијание врз сведоци и докази во текот на постапката“, објасни Судот.

    Сејдини, кој се сомничи дека проневерил околу 660.000 евра при изградбата на трибина на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, беше уапсен утрово.

    МВР претходно појасни дека кривичната пријава е поднесена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција до Основното јавно обвинителство Скопје.

    Според наводите, во периодот од ноември до декември 2024 година, осомничениот како службено лице прибавил противправна имотна корист од околу 660.000 евра за правно лице од Скопје. Случајот е поврзан со средства добиени од УЕФА, наменети за ревитализација на спортска инфраструктура во рамки на програмата „ХетТрик VI“. Се работи за проект за изградба на трибина на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, за кој била избрана понуда во вредност од околу 3,3 милиони евра без ДДВ.

    Иако таква можност не била предвидена ниту побарана од изведувачот, ниту пак била дел од одлуката на Управниот одбор, осомничениот вметнал дополнителен услов во договорот – авансна исплата од 20 проценти од вредноста на договорот, пред започнување на работите и без обезбедување. На 17 декември 2024 година, со негов налог, средствата во износ од околу 660.000 евра биле исплатени авансно на избраната фирма.

    Од МВР наведуваат дека со ваквото постапување осомничениот ги префрлил средствата што му биле доверени во службата, спротивно на утврдените процедури и одлуки.

    Поврзани вести:

    Две починати лица пронајдени на различни локации во Скопје

    Две починати лица пронајдени на различни локации во Скопје

    Малолетник кривично пријавен за силување на дете под 15 години и уцена со видео

    Малолетник кривично пријавен за силување на дете под 15 години и уцена со видео

    Поради имотен спор, 75-годишник нападнал 66-годишен жител на Милетино

    Поради имотен спор, 75-годишник нападнал 66-годишен жител на Милетино

    Три лица повредени во тешка сообраќајка кај Белви, учествувале четири возила

    Три лица повредени во тешка сообраќајка кај Белви, учествувале четири возила

    Влегла во дом на 81-годишник и со сила му зела пари, поднесена пријава

    Влегла во дом на 81-годишник и со сила му зела пари, поднесена пријава

    Скопјанец приведен во Гази Баба, полицијата пронашла рачна бомба во неговиот дом

    Скопјанец приведен во Гази Баба, полицијата пронашла рачна бомба во неговиот дом

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    притвор сејдини уапсен ффм
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Две починати лица пронајдени на различни локации во Скопје

    03/10/2026

    Малолетник кривично пријавен за силување на дете под 15 години и уцена со видео

    03/10/2026

    Поради имотен спор, 75-годишник нападнал 66-годишен жител на Милетино

    03/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.